Уделот на татковци меѓу родителите кои сами ги воспитуваат децата во Германија се зголемил од 10 на 15 отсто во последните 10 години, соопшти Сојузниот завод за статистика во пресрет на Денот на татковците, 18 мај, јави ДПА
Во апсолутни бројки, самохраните татковци во 2022 година биле за 44 отсто повеќе отколку во 2012 година – 239.000 наспроти 166.000, а бројот на самохрани мајки е намален за 10 отсто, од 1,48 на 1,33 милиони.
Минатата година во Германија имало околу 1,57 милиони семејства со еден родител. Според статистичарите, речиси секое петто семејство е со најмалку едно дете помладо од 18 години за кое се грижи само од еден родител.
МИА