Пред неколку дена цел свет виде видео од очигледно исфрустрираниот Бен Афлек кој џентлменски ѝ ја отвори вратата на сопругата, а потоа силно ја треска, што го отвори прашањето дали има некакви проблеми во нивната врска. Многумина коментираа дека Бен Афлек е најнесреќниот сопруг во Холивуд и не беа оптимисти за нивната брачна среќа.
Само еден ден по тоа видео се појави уште едно кое потврдува дека навистина изгледа има проблеми во бракот на славната двојка.
Европски турист му доставил на Дејли Мејл видео на кое јасно се гледа уште една тензична јавна расправија.
Двојката, која е во брак од јули минатата година, на почетокот на месецов е видена како седи во автомобил на Беверли Хилс и додека чекаат зелено светло на семафорот, се скарале.
Бен, кој бил зад воланот, видно изнервиран и се обраќал на Џенифер, која во тој момент седела на совозачкото седиште.
Јасно е дека тие двајца се расправале за нешто и толку биле занесени во разговорот што не обрнувале внимание дали има некој во близина што може да ги слушне и види.
Џенифер, сепак, изгледа порезервирано додека нејзиниот сопруг зборува и диво гестикулира за време на жестоката дискусија.
Еден европски турист кој бил сведок на целата ситуација изјавил дека од говорот на телото на Бен е „прилично јасно“ дека актерот е фрустриран и изнервиран, додека Џенифер изгледала исплашено.
„Имаше многу гестикулации со раката, Бен мавташе со рацете горе-долу и изгледаше изнервиран“, рекол туристот.
Се уште не е јасно дали оваа кавга се случила пред или по онаа на премиерата на филмот „Мајка“ кога се расправале како треба да позираат пред фотографот, пренесува Б92.