Студенти од Хрватска, Србија ид руги балкански земји, кои биле на петдневна екскурзија, демолирале хотел во Охрид.
Хрватскиот портал 24сата.хр објави видео и фотографии од уништениот хотел.
-Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјавил менаџерот на хотелот во Охрид за порталот.
Претседателот на студентскиот сојуз на КИФ, пак, за порталот изјавил:
-Имаше студенти на КИФ од Загреб и студенти од Србија. Но, загрепските студенти беа поагресивни. Се беше минатата недела. Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки, рекол менаџерот на хотелот и додал дека тие не ја запалиле собата, туку го кинеле инвентарот..
На снимката се гледа скршен инвентар на хотелот, скршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален…
Наводно, студентите палеле факели во соби и ходници.
-Имавме обезбедување кое ја смири ситуацијата, па полицијата не интервенираше. Хотелот функционира нормално и пристигнаа нови групи студенти. Се надеваме дека тоа нема да се повтори – додале од хотелот за хрватскиот портал.