Додека нема потврда дека Железничкиот мост е безбеден, со потврда дека статиката е добра, мостот нема да биде пуштен во сообраќај. Пред мостот се поставени ленти и пречки и оваа витална сообраќајна артерија сега е затворена и за возилата и за минувачите. Како што изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се очекува првиот извештај од тимовите што излегоа на увид по пожарот што настана на 11 мај.

Градоначалничката изјави дека додека не бидат стопроцентно сигурни и надлежните институции не дадат потврда, мостот не може да биде пуштен во употреба. Колку време овој мост ќе биде затворен, засега не може да се каже.
Во однос на задолженоста на Град Скопје, Арсовска рече дека деновиве има секакви информации и политичките елити кои изминатите 30 години го задолжувале Градот не се срамат да излегуваат во јавност.
Како што изјави, кога ја презела функцијата, имало 10 милиони евра во каса, но и сто милиони долгови.