Креаторот на содржината за Евровизија, Роб Холи сподели видео во кое може да се види како во моментот кога победничката на натпреварот Лорин од Шведска го добива трофејот, претставници на други земји трчаат кон Фин Керија, го гушкаат и сите ја пеат неговата песна Ча Ча Ча во дует.
„Иако ова е исмевање на судиите, не е фер кон Лорин. Таа не избра да победи“, „Ја сакам овогодинешната Евровизија поради сите овие пријателства што се создадени“, „Ми го крши срцето“, „Сите, освен судиите сакаа тој да победи“, само дел од коментарите под објавата.
Финска загуби на Евровизија од Шведска, и покрај тоа што доби неверојатни 376 поени од публиката. Шведска доби 340 поени од жирито, а 243 од публиката, која на крајот даде вкупно 583 поени. Финска доби 150 поени од жирито и кога беа додадени 376 гласови од публиката, беа добиени вкупно 526 поени.