Реката Уна се излеа од коритото во Националниот парк, откако обилните врнежи предизвикуваа порој и поплави. На подрачјето на Хрватска Костајница се воведени вонредни мерки за заштита од поплави Големи количества вода се слеваат од околните ридови во пониските делови и над патиштата, соопшти Националниот парк „Уна“. Поради континуираниот дожд, реката Зрмања се излеа од заштитниот ѕид во атарот на градот Обровац, како и од реката Отуче во општина Грачац.
Надлежните служби се на терен, а жителите чии куќи се најзагрозени се евакуирани , соопшти Цивилната заштита, пренесува порталот Индекс.
Поради обилните врнежи од дожд и поплавените патишта во Задарската жупанија затворени се одредени патишта, соопшти во неделата вечерта Хрватскиот авто клуб.
Најкритично е во близина на градовите Куљани, Голубовац и Унчани, каде поради водата возењето е забавено, а постои и закана од целосен прекин на сообраќајот.
Невремето погоди и дел од Вировитско-подравинската жупанија, вторпат во два дена. Поради силниот дожд настрадаа Чачинци, но и општините Миклеуш и Слатина.
Многу згради беа поплавени . Поплавени се домовите и подрумите , а најголема штета има на земјоделските површини.
Поплави го одбележаа изминатиот викенд и во Вировитско-подравинската жупанија, особено во Чачинци, каде целосно беше уништена детска градинка.
Поради обилните врнежи што во изминатите два дена го зафатија подрачјето на општина Сански Мост (Босна и Херцеговина), дојде до нагло растење на помалите речни водотеци и нивно излевање од коритото.
Претходната ноќ беше непроспиена за жителите на Сански Мост, чии куќи и други станбени објекти беа поплавени поради обилните врнежи од претходните денови.
Она што загрижува се прогнозите кои најавуваат продолжување на врнежите. На територијата на Херцеговина е активиран портокалов метео аларм , додека во остатокот од Босна и Херцеговина на сила е жолто предупредување.