Макар вашите родители и да имале краткотрајни финансиски проблеми, за многумина сеќавањата од детскиот период остануваат врежани длабоко во помнењето.
Во продолжение, прочитајте кои се навиките на луѓето кои пораснале во сиромашно семејство:
Постојана грижа за храната или нездрав однос кон храната
Луѓето кои немале храна во изобилство, се со поголем ризик да станат обезни или пак да имаа фобија дека никогаш нема да имаат доволно храна. Таквите луѓе вообичаено јадат сѐ од чинијата бидејќи во нивниот мозок е врежан фактот дека утре можеби нема да има што да јадат, или пак остатоците од ручекот ги јадат следните неколку дена.
Одложување на „големите“ пазарења
Луѓето кои се во лоша финансиска ситуација или пак, пораснале со фамилија со мали финансии, се водат според правилото на одложен пазарење. Тоа подразбира дека долго размислуваат кога треба да купат нешто, особено ако се работи за производ кој ќе им донесе поголем трошок.
„Еднаш купив телевизор кој имаше разумна цена, но во моментот не ми беше неопходен. Пријателот ме убедуваше дека тоа се добро потрошени пари, но јас имав чувство како нешто да сум изгубил, како да сум болен“, раскажал еден маж за Brightside.
Нерационален страв од губење на работата
Ваков страв имаат само луѓето кои пораснале во семејство што било на раб на сиромаштија. Во таквите семејства се подразбира дека губењето на работи може да значи дека нема да преживеете без примања. Поради тоа луѓето се подготвени да трпат сѐ и сешто само за да не останат без приходи.
Веруваат во чуда
Луѓето кои пораснале во сиромашно семејство, веруваат дека можеби ќе добијат на игра на среќа. Поради тоа што се надеваат тие често играат лото или слични игри.
Сѐ прават сами
Луѓето кои пораснале во сиромашно семејство добро знаат да прават многу различни работи: ситни поправки по дома, шишање, фарбање, шиење, готвење и слично.
Кога се оженив, ја прашав сопругата каде имаме игла и конец. Таа праша зошто ми се игла и конец, а јас ѝ реков за да си ги закрпам чорапите. Таа ми рече да ги фрлам, бидејќи е срамота. Таа пораснала во богата фамилија за разлика од мене. Ми беше срам да ѝ кажам дека знам да лепам и чевли“, раскажал еден маж.
Ништо не се фрла
Луѓето кои знаат колку е тешко да се заработат пари, ништо не фрлаат. Износената облека не ја фрлаат туку ја носат по дома, а кга целосно ќе се уништи ја сечат на парчиња со кои подоцна бришат прашина.
Плаќање на рати
Стравот од тоа што ќе донесе иднината, повеќето луѓе ги тера да плаќаат на рати, па дури и ако тоа на крајот ги чини двојно повеќе. Сепак, износот поделен на рати им изгледа помалку застрашувачки.
Неможност за прифаќање подароци
Постојано се внимателни. Чувствуваат дека некому нешто должат и кога некој нешто ќе им подари, мислат дека има скриен мотив за тоа.
Извор: stil.kurir.rs