Вчеравечер во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.С.(62) и Г.П.(55), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавата, околу 23.10 часот во куќа во Куманово, каде престојувале, физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото.
За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – соопшти МВР.