– Претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов најавува излегување од владејачката коалиција доколку не биде прифатена иницијативата на партијата за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители, како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.
-Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука. Затоа, на денешната прес-конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители, како и триесетина воени инвалиди од 2001 година. Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, напиша Ангелов на Фејсбук.