Ќе се направат сите напори, вклучувајќи и дополнителна помош од Министероството за образование, но матурата на предвидениот датум, 27 мај, мора да се одржи.
Ова е ставот на министерот Јетон Шакири, кој рече дека ги разбира барањата на вработените во Државниот испитен центар, кои штрајкуваат, но матурата ќе се одржи во предвидениот термин.
-Мојот став е дека матурата ќе се реализира на 27 мај. Во комуникација сме со ДИЦ, вчера состанок одржа Управниот одбор на ДИЦ и според информациите се прават сите подготовки за 27-ми. Ако е потребно кадар ќе доставиме од МОН, изјави Шакири во Кавадарци.
Министерот рече дека се работи за штрајк на мал број на вработени, што не е проблем да им се одговори на барањата, но се чека на системското решение за сите во областа образование. На одржување на матурата во предвидениот термин бара и организацијата на средношколски, кои особено се загрижени за оние матуранти кои ќе се запишуваат на странските факултети.
Вработени во ДИЦ се во штрајк од крајот на април и останува прекинот на работата додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.