Израелската пејачка Ноа Кирел ја маѓепса публиката со занесен танц во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2023“. Ноа со своето појавување стана миленичка на машкиот дел од публиката и успеа да се пласира во финалето кое ќе се одржи во сабота на 13 мај.
Настапот на Израелка беше секако еден од највпечатливите на првото полуфинале, а тоа го покажуваат и социјалните мрежи.
Оваа израелска суперѕвезда е добро упатена во светот на поп музиката. Таа е дури и најмладиот судија на „Израел има талент“ .
Затоа, не е изненадување што радиодифузерот КАН виде дека и Ноа има талент, а нивниот специјален евровизиски комитет ја избра за претставувник на Израел на Евровизија 2023. Тие беа толку сигурни во својата одлука, што местото на Ноа на натпреварот беше објавено 8 месеци пред крајниот рок.