Во градот под Марковите кули на 1-ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот „Прилеп фест“. Како и изминатите години, така и сега, тој ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде ќе настапат познати музички ѕвезди од нашата земја, но и од соседството.
Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот успеа да ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од истакнатите македонски автори.
Фестивалот одложено ќе биде емитуван и на МРТВ, а листата на изведувачи на овогодинешниот фестивал е следна: Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.
Домаќин на овогодинешниот фестивал е познатата Каролина Петковска од Македонската радио и телевизија.
Инаку организаторите на фестивалот ветуваат одлична вечер, со одлични нумери.
„Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство“ – велат од Советот на фестивалот.