Лорин ја знаеме по победата со „Еуфорија“ во 2012 година, а во трката повторно се враќа годинава во Ливерпул со „Тетоважа“ (Tatoo) . Песната на Лорин „Еуфорија“ беше една од најслушаните песни во историјата на ова натпреварување.
Според прогнозите на букмејкерите , таа веќе долго време е главен фаворит за победа на Евровизија во 2023 година.
Годинава Лорин настапува со песната „Тетоважа“ која веднаш ја освои публиката, а во синоќешното прво полуфинале публиката со овации и ентузијазам го проследи нејзиниот настап.
Кој е Лорин?
Лорин е родена во 1983 година во Стокхолм, а нејзините родители се по потекло од Мароко. Таа се преселила во Вестерас како девојче и ги открила своите вокални таленти на натпревар за идоли во 2004 година.
Потоа го освои четвртото место и го објави својот прв сингл „The Snake“. После тоа, Лорин ја издава песната „My Hearth Is Refusing Me“, а оваа песна се најде на првото место на шведските музички топ листи.