И официјално италијанската компанија за развој на фудбалот го потврди купувањето на клинот основан од славниот македонски фудбалер, Горан Пандев. Клубот основа во 2010 година, Академија Пандев со 90 отсто сопственост премина во рацете на италијанската компанија за 603.000 евра, или во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари.
„Сметаме дека по купувањето на Академија Пандев од страна на Брера, можеме да ја олесниме размената и трансфер пазарот на играчи од други клубови во Африка и Јужна Америка, особено во возрасната група од 18 до 21 година. Клубот исто така има право да се квалификува за големи младински турнири, како што е Младинската лига на УЕФА, во која ќе има можност да се натпреварува против тимови од иста возрасна група како и големите меѓународни клубови, и кои претставуваат најдобар приказ за продажба на млади играчи, со многу потенцијални можности за трансфер пазарот“, изјави извршниот директор на Брера Холдингс, Серхио Скалпели.
За италијанската компанија со оваа трансакција, ја имплементира својата меѓународна стратегија за истовремено да продолжи со проширување и лиценцирање на брендот Brera FC во Источна Европа. Италијанците најавуваат дека преку аквизицијата на Академија Пандев и преименувањето на Брера имаат намера да ги подобрат перформансите на тимот и да се подготват играчите за професионалниот трансфер пазар, како и да се добијат награди поврзани со правата за учество во УЕФА.
Што се однесува до Горан Пандев, тој влегува во Бордот на директори на компанијата Брера како независен член.