Пријателствата од детството може да траат со децении, но мал број од нас може да се пофалат со пријателства кои се за цел живот.
Кејт била токму таква пријателка и мислела дека другарството со девојката со која ја делеле училишната клупа, ќе трае за цел живот. Сепак, нејзината другарка ѝ забила нож в грб.
Кејт бил вљубена во мажот со кој со години биле во врска, па откако ѝ го украл срцето таа го запознала со својата најдобра пријателка. Во меѓувреме, Кејт и момчето решиле да направат свршувачка, но кога таа мислела дека ја очекува убава иднина, нејзиниот свет се распаднал како кула од карти. Свршеникот одеднаш ја оставил. Тој ѝ рекол дека меѓу нив веќе нема ниту хемија ниту страст, а тоа ја скршило Кејт.
Таа со месеци плачела на рамто на својата пријателка. Дури и откако поминале неколку месеци, Кејт веќе не била истата. Таа долго време била сама додека да најде ново момче.
По осум месеци во нивниот град се одржувал голем концерт, па жената која била до Кејт уште од детските денови, се изненадила кога таа вечер го сретнала поранешниот свршеник на својата другарка. Почнале да разговараат токму за Кејт, па другарката помислила што таа би направила кога би видела дека се смеат заедно додека разговараат.
Сепак, екс свршеникот на Кејт ја убедил нејзината другарка дека во опуштена атмосфера разговараат двајца поранешни пријатели и дека во тоа нема ништо лошо.
„Испивме една пијачка, па потоа уште една и уште една… Часовите поминуваа и некако завршивме кај мене во станот. Наутро се разбудив покрај него и имав грижа на совест, додека тој страстно ме привлече кон себе и рече дека за ова сонувал уште кога раскинал со Кејт, но немал храброст“, изјавила жена за Daily mail.
Таа тогаш имала 37 години и со години била сама, па ја изненадиле емоциите кои ги почувствувала кон поранешниот свршеник на најдобрата другарка.
„Мислев дека веднаш треба да ѝ признаам сѐ. Сфатив дека можеби би ми простила за друг, но не и за него. Знаев дека сѐ уште го сака. Размислував дали ќе ја загубам, па одлучив некое време тоа да го кријам од неа“, објаснила другарката на Кејт.
Проблемот било тоа што не се работела за афера која траела само една вечер. Оваа жена и поранешниот свршеник на другарката, продолжиле и понатаму да се гледаат и да уживаат во својата тајна љубов, а една работа сепак ги издала по три месеци.
„По неколку месеци изгледа станавме помалку внимателни. Тој почна да го паркира автомобилот околу мојата зграда, па поминувајќи од таму, Кејт видела дека автомобилот е паркиран директно пред мојот влез и решила да дојде кај мене. Не можам да го заборавам изразот на нејзиното лице кога не виде само делумно облечени. Таа беше целосно скршена. На лицето ѝ се гледаа разни емоции на лутина, бес, љубомора и разочарување, а мене ми рече веќе да не ѝ се јавувам“, изјавила жената.
Таа објаснува дека не ѝ помогнало тоа што ѕвонела без престан, ѝ праќала говорни пораки, но и електронски пораки, но ништо не придонело за тие две да се смират.
„Знаев дека тој беше љубовта на нејзиниот живот, но тие раскинаа. Јасно ми е дека постои непишано правило дека не смееш да излегуваш со поранешното момче на најдобрата другарка. Од друга страна, ова не беше некаква кратка афера, со текот на времето ние се вљубивме еден во друг. Имав 37 години, па и двајцата сакавме семејство и деца и така на крајот се венчавме“, изјавила жената.
„Го избрав мажот наместо најдобрата пријателка. Тогаш тоа делуваше како непромислена одлука, но сега сум среќна што имам маж како него“, порачала таа.
Откако медиумите ја пренесоа оваа приказна, корисниците на социјалните мрежи коментираа со спротивставени мислења.
„Ние сме социјални суштества и ги менуваме партнерите во текот на животот. Кејт не би требало да ѝ се лути толку на својата пријателка, со оглед на тоа дека никој никого не изневерил, едноставно тие се споиле една година подоцна“;
„Иако осудувам изневерување, во овој случај не се рабти за неверство. Можеби е во ред да се избере љубовта наместо пријателството, а ко е во прашање вистинска љубов“, се дел од коментарите.
Извор: srecna.republika.rs