Невообичаена среќа по трагедијата и смртта на сопругот и’ се случи на Лесли Мекнали, која со своите 54 години, два пати видела како нејзиниот живот се превртувал наопаку. Прво го изгубила сопругот лани во септември и останала сама. А потоа открила дека е побогата за 166.000 евра.
Нејзиниот сопруг бил страстен коцкар и додека ги пребарувала работите на починатиот, открила неколку лозови во неговата облека.
На почетокот не обрнувала внимание, се’ додека на телевизија не чула дека некој добил голема сума на лотарија. Тоа ја поттикнало да ги провери лозовите што ги нашла во облеката на нејзиниот сопруг.
Тогаш компанијата која е одговорна за спроведување на лотаријата и’ соопштила дека е побогата за 166.000 евра, бидејќи една со еден од лозовите имала среќа.
Почетниот шок ѝ го отстапил место на радоста, бидејќи овие пари би можеле да ја ослободат од грижата за иднината, во поглед на финансиите, но и да тргне на големо патување, планирано со сопругот.
Судбината и ги покажала двете лица во иста година, но таа нема намера да остане заробена во тага и ќе се обиде да остане жива, за доброто на покојникот.