Изминатиот викенд, ноќта меѓу саботата и неделата општинската зграда во селото Облешево била испишана со графити со недолична содржина. Стигната е и пријава до полицијата.
-На 07.05.2023 во 13.25 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во текот на ноќта 06/07.05.2023 во с.Облешево, на објектот во кој е сместена општина Чешиново – Облешево и на неколку други објекти во близина биле испишани графити со недолична содржина. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Штип.