За првпат во Македонија, од 12 до 15 мај ќе се организира Саем за козметика, коса и естетика. Настанот кој е насловен “BEAUTY EXPO ’23“ ќе се одржи во хотел Лимак, Скопје.
Организатори на саемот се Арт Школа за убавина и Во Бело, од каде најавија дека учество ќе земат четириесетина изложувачи кои на посетителите ќе им ги претстават новитетите од светот и пазарот на beauty индустријата согласно 2023 година.
На саемот се добредојдени сите козметичари, фризери и естетичари како и секој краен потрошувач кој сака да се информира или набави производи за домашна, лична употреба по промотивни цени и саемски попусти.“BEAUTY EXPO ’23 “ќе ви овозможи да присуствувате на Public Spot едукативни презентации, да набавувате производи по промотивни цени и саемски попусти, да уживате во богата, едукативна и забавна програма, а домаќин и водител на саемот ќе биде Миа Костова – соопштија организаторите.
ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРОГРАМА
Петок -12.05.2023
Саемот ќе се отвори во петок во 17ч за посетители.
Во 20ч ќе има официјално отварање со богата програма.
Сабота – 13.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч – се затвара во 21ч.
Недела – 14.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч. – се затвара во 20ч.
Влезниците се со цена од 200 денари.