Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16 годишен ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.
Од МВР за МИА информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.