– Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) најави протестен собир „Стоп за насилството“ за понеделник, 8 мај, пред Министерството за образование во Белград.
„Протестот се организира со цел да се повикаат Владата на Србија и Министерството за образование да направат суштински, не само козметички, промени за конечно да се запре растечкото насилство во општеството и образованието“, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.
Тие побараа разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, како и измени на Кривичниот законик и Законот за основите на образовниот систем.