Малолетникот, кој извршил разбојништво, вчера попладне во полиција го признал делото.
Како што соопшти МВР, припадници на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода малолетникот од с.Мралино, општина Илинден.
-Тој се сомничи дека на 30.04.2023 извршил кривично дело „разбојништво” во спортска обложувалница во с.Петровец, при што со закана од вработената одзел пари. Во службен раговор во полициска станица, во присуство на родител, тој го признал делото, а биле пронајдени и дел од предметите поврзани со делото, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.