Не е издадено предупредување за цунами и покрај силниот земјотрес од 6,3 степени што ја погоди денеска јапонската префектура Ишикава, на западот на земјата, соопштија локалните власти.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, попладнево по локално време.
Метеоролошката организација на Јапонија соопшти дека, иако нема опасност од цунами, може да дојде до промена на нивото на морето за околу 20 сантиметри.
Локалните власти истражуваат дали има оштетувања на зградите, а засега нема извештаи за повредени, соопшти јапонската служба „NHK“.
По земјотресот некои железнички линии беа во прекин.