Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 10 се ранети, во пукањето во селото Дубона кај Младеновац , Србија. Најмладиот починат е во 2008 година.
Меѓу жртвите има и полицаец, кој во тој момент не бил на должност и неговата сестра. Српската влада ова го нарече терористички акт. 21-годишниот напаѓач кој пукал со автоматска пушка најнапред во двор на училиште, е во бегство и по него трагаат 600 полицајци. Рано утринава започна физички претрес на теренот во потрага по напаѓачот, а распишана е и потерница. Хеликоптер, беспилотни летала и повеќе полициски патроли, исто така, го бараа осомничениот во областа околу Дубона.
Според медиумите, напаѓачот почнал да пука кон луѓето со автоматско оружје откако во четвртокот вечерта се скарал со полицаец во парк во Дубона. Потоа почнал да пука во луѓе од автомобил, убивајќи најмалку осум лица и ранувајќи многу други.
Во средата, тринаесетгодишно момче застрела осум соученици во своето училиште во Белград, како и чувар. Денеска е ден на жалост, а училиштата ја прекинаа работата. Српската влада предложи построги ограничувања за поседување оружје.