Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар утрово дошло до пукање во кое ученик од седмо одделение убил осум деца и еден чувар, а ранил шест деца и еден наставник во тоа училиште, пренесува Блиц.рс.
Малолетниот К.К.(14) кој го сторил ова кривично дело е ученик на ова училиште и бил пронајден и приведен во училишниот двор.
Како што дознаваат, веднаш по чуварот ученикот најпрвин ги застрелал двете дежурни девојчиња.
На едната и пукал директно во глава. Таа е оперирана, состојбата ѝ е тешка, а лекарите по неврохирургија на Клиничкиот центар на Србија се борат за нејзиниот живот.
Втората дежурна ученичка се здобила со прострелни рани во нозете.
Синиша Дучиќ, в.д директор на клиниката во Тиршова, денеска изјави дека има две момчиња и едно девојче кои утринава биле застрелани во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Две момчиња и едно девојче се примени на Детската клиника пренесени со Брза помош.
„Двете момчиња имаат прострелни рани на долните екстремитети, невроваскуларно стабилни, примаат антибиотска терапија и се во добра општа состојба. Девојчето има повреди на главата и веднаш е пренесено на скенер, па во операциона сала и операцијата е во тек. “ рекол Синиша Дучиќ.
-Во Ургентниот центар пристигнаа четворица пациенти, тројца ученици и наставник. Еден пациент е во тешка општа состојба и веднаш е префрлен во операциона сала, еден е застрелан во левата потколеница, а девојчето е застрелано во двете раце и има прострелни рани во пределот на стомакот. Наставничката има прострелни рани во стомакот и двете раце. Сите пациенти се во операционите сали, операцијата е завршена на една ученичка и таа е во стабилна состојба. Ние ги следиме другите – вели д-р Милика Ашанин, директор на Универзитетскиот клинички центар.
Како што дознаваат од Блиц на терен, при првото јавување во итната помош било кажано дека се повредени 20 лица.
-Кога дојдовме на терен затекнавме осум повредени, чуварот беше мртов. На Брза помош се примени четири деца кои се во операциона сала, едно лице е во животна опасност. Цела Брза помош плаче, се тресеме – изјавија утрово за „Блиц“ од Брзата помош.