Европската унија го објави текстот на Декларацијата за исчезнати лица, која вечерва во Брисел ја усвоија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти. Декларацијата е е објавена на веб-страницата на Службата за надворешни работи на Европската унија (ЕЕАС). Белград и Приштина се согласиле да ги отворат воените и полициските досиеја од војната во Косово 1998-1999 година за да помогнат во лоцирањето на преостанатите исчезнати лица од конфликтот.
Декларацијата беше усвоена на состанокот на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, како дел од Бриселскиот дијалог.
Во текстот се наведува дека двете страни презеле обврски со нагласување на важноста од решавање на судбината на преостанатите исчезнати лица со цел да се стави крај на страдањата на нивните најблиски и да се поттикне трајно помирување и мир. Исто така, беше наведено дека Декларацијата го следи разбирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) за исчезнатите лица, што вклучува лица кои насилно исчезнале.
Исто така, се потсетува дека сите категории на исчезнати лица ќе бидат третирани со еднаков приоритет и се цени работата на Работната група за исчезнати лица со која претседава МКЦК. Се охрабрува и соработката со другите релевантни актери во областа на исчезнатите лица, особено со Меѓународната комисија за исчезнати лица (МКИП), а прашањето на исчезнатите лица се препознава како хуманитарен. Исто така, итна е потребата од дополнителни мерки за ублажување на маките на семејствата.