Во денешно време е многу тешко да се искоординират семејните и работните обврски. Сепак, постојат и жени кои се одлучуваат многу рано да станат мајки, па честопати моратат да „жонглираат“ помеѓу учењето, работата и одгледувањето деца.
Секој од нас од кога е свесен за своето постоење, почнува да прави планови за себе. Децата најмногу сакаат да бидат астронаути или познати пеачи, па потоа желбите се менуваат и стануваат пореални и посилни. Меѓутоа сите сме свесни за тоа дека животот ретко кога се одвива според сценариото во нашата глава, а на некои им се случува патот по кој одат да им се сврти за 360 степени во однос на она за кое мечатаеле.
Помеѓу нив е и 16-годишната самохрана мајка Ава Кинг од Индијана, која има две деца – двегодишниот Џордан и осуммесечната Аваја.
Својата животна приказна таа ја раскажа на социјалните мрежи.
-Напорно е, но ги сакам моите деца – признава таа во виралното видео кое го објави минатата година на ТикТок, каде што има повеќе од 117 илјади следбеници.
Оваа тинејџерка со помош на својето семејство и пријателите, успева да посетува училиште и тоа со одличен успех, но и да води грижа за своите две мали деца дома. Дури има и веројатност дека Ава ќе го заврши следното училиште пред своите врсници.
Ава живее со мајката и сестрите, а децата понекогаш ги чува и нејзината баба. Иако некои ја критикуваат бидејќи многу рано станала мајка, повеќето се воодушевуваат на нејзината упорност.
Многу добро знам колку тоа е тешко, и самата станав мајка кога бев тинејџерка, завршив училиште и работев полно работно време.Ти се восхитувам – ѝ порача една жена.
Ава се појави во една од епизодите на емисијата „My Extraordinary Family“, а првпат останала бремена кога имала 13 години.
-Освен тоа што немав менструација, немам искусено никакви други симптоми на бременост. Земав таблети за ден потоа, но предоцна и веројатно нема делувано – раскажа таа.
Без татко останала кога имала 11 години. Тој бил зависник од хероин и се предозирал. Во текот на целата бременост дечкото ја изневерувал, а тоа го дознала подоцна. Се породила во февруари 2020 година, а после породувањето страдала од постпородилна депресија. Шест месеци подоцна, дознала дека е повторно бремена. Таа пиела и таблети за контрацепција, но очигледно е дека истите не делувале.
-Без избезумена, седев и плачев. Мислев дека можам да поднесам едно дете, но не и две. Се плашев дека нема да можам да им дадам доволно љубов. Едноставно не знаев што да правам – посочува младата мајка.
На инсиститрање на фамилијата, таа го задржала детето. Со таткото на своите деца не е повеќе во врска. Денес таа има свој канал на Youtube на кој објавува видеа со кои сака да им помогне на други малди девојки кои се наоѓаат во слична состојба.
Извор: srecna.republika.rs