Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили синоќа на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал.
– Абдиу-Халили ѝ посака добредојде на министерката за ЕУ и Нордиска соработка во Владата на Кралството Шведска и укажа дека официјалната посета на Скопје е уште една потврда на постојаната поддршка што Шведска ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес, со верување дека истовремено ќе даде дополнителен поттик за соработка помеѓу двете држави – истакнаа во писмено соопштение од Секретаријатот за европски прашања,
Росвал, како што е најавено, Росвал денеска ќе оствари тет-а-тет средба со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во рамки на официјалната посета на Скопје шведската делегација ќе се сретне и со претставници од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал посетата на Скопје ја реализира за време на шведското претседавање со Советот на Европската Унија, што е од голема политичка важност за нас и за процесот на преговори со ЕУ, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Од Скопје шведската делегација заминува за Тирана, каде министерката Росвал ќе оствари средби со високи државни претставници.