Во тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 21 часот, во судир на две возила меѓу штипските села Таринци и Нов Караорман, загина 25-годишник од селото Карбинци.
Загинатото момче (К.Т.) управувало со автомобил „Ауди А5“ , кога се судрило со патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман. Еден повреден со иницијали Д.М, е пренесен со штипската болница, соопшти СВР Штип.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на местото на сообраќајната незгода во која во судар на два автомобили едниот возач го загуби животот на лице место а другиот е повреден.
-Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, од возачот на другиот автомобил земен е примерок од крв за анализи. Извршени се првични разговори со очевидци. Ќе се изврши сообраќајно-техничко вештачење со цел да се утврдат причините за несреќата, информираа од Обвинителството.
На социјалните медиуми младите се простуваат од момчето кое прерано го загуби животот.