Сениорската машка репрезентација на Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус за пласман на Men’s EHF EURO 2024 во Германија. Натпреварот со репрезентацијата на Турција во СЦ го завршија со резултат 30:27. Со тоа нашите ракометари во групата 1 се пласираа на втората позиција и обезбедија учество на Men’s EHF EURO 2024.
Победата, која не беше постигната лесно, ракометарите ја прославија со песна во соблекувалната. Селекторот Кире Лазаров рече дека бевме фаворити на хартија, и сѐ уште сме фаворити кога играме со репрезентации како Турција, но ова не е истата Турција која беше во Турција, зашто имаа два-три играчи повеќе.
-Почувствував последните два дена, а и бев некако нервозен и им реков на момците дека не сме доволно фокусирани и концентрирани и мислевме дека е сѐ завршено. Уште еднаш се потврди дека за секој противник мора да сме максимално спремни за борба, пред сѐ ментално. Добро е што победивме на крај. Направивме голем пресврт, тоа е одлика на големи екипи“, изјави Лазаров.
Лазаров додаде дека треба добро да размисли кого повика да игра во македонскиот дрес, а со овој меч, како што рече „му се отворија повеќе очите, работи што се повторуваат постојано треба да се решаваат“.