За утрешниот ден метеоролозите најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во вторник ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Потоа во следните два дена во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневните температури од петок ќе бидат во пораст.