„Не сум сигурен дека арената на Ливерпул некогаш видела такво нешто“, вака коментираше блогерот на Eurovision.tva по првата проба на претставниците на Хрватска на Евровизија, Лет 3.
Хрватските претставници го повторија својот настап од Дора, а по настапот во многу потсетија на насловната тема од филмот „Гол до кожа“.
„Па, ова е забавно. Лет 3 започнува со својот заштитен знак – екстравагантни костими и неверојатна графика, а потоа за последниот рефрен, сите се соблекуваат до долната облека и мавтаат со огромни проектили. Имаат голема историја на сценска голотија, но паметно се воздржаа од тоа за недела попладне“, завршува во својот коментар од настапот, блогерот на Eurovision.tva.
фото: Корин Каминг/ебу
Лет 3 беа седми на првата проба за годинашното издание на Избор на пресна на Евровизија, што годинава наместо во Украина се одржува во Ливерпул, Велика Британија на 9,11 и 13 мај.
Денеска во Ливерпул започнаа пробите , а покрај хрватските претставници, првата проба ја имаа и претставниците на Норвешка, Малта, Србија, Латвија, Португалија, Ирска, Швајцарија, Молдавија и Шведска.
Let 3 е петчлен бенд, првично формиран во хрватскиот град Риека. Бендот е составен од Дамир Мартиновиќ, Зоран Продановиќ, Иван Бојчиќ, Дражен Баљак и Матеј Зец. Let 3 е еден од најпознатите бендови во Хрватска, формиран кон крајот на 1980-тите.
Бендот е познат по своите шокантни настапи, кои често вклучуваат сатира и голотија. Во текот на нивната кариера, бендот има издадено десет албуми – секој со признание од критиката во Хрватска. Нивната песна за Евровизија 2023 – која дојде по победата на Дора 2023 – се вика „Mama ŠČ!“. Песната е напишана од Дамир Мартиновиќ и Зоран Продановиќ.