Тони Јаревски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ:
– Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.
-.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра.
– Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.
– Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени“.
Артан Груби, прв вицепремиер:
❌ Блокадата на ВМРО и Левица може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години подолга изградба на автопат.
ВМРО лаже, многу и бесрамно, или пак можеби едноставно не разбираат!
Бехтел и Енка во Србија го градат автопатот:
Без тендер
Со посебен закон
Со истиот договор како и нашиот
Поскапо по километар отколку кај нас
Со многу поскап консултант отколку кај нас
🛣️ Пратениците одлучуваат дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо.