Дури пет тепачки меѓу женски лица регистрира сообраќајниот билтен. Полицијата расчистувала случаи во повеќе делови од државата.
На 29.04.2023 околу 18.30 часот во Полициско одделение Шуто Оризари З.М.(28) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот пред казино на подрачје на Шуто Оризари била физички нападната од Л.К.(44) од Скопје со која се познавале од претходно.
На 29.04.2023 во 16.24 часот во Полициска станица Струмица С.С.(49) од Струмица пријавила дека околу 11.00 часот во Струмица била физички нападната од М.С.
На 29.04.2023 во 09.20 часот во Полициско одделение Ново Село Ј.Д.(84) од с.Дражево пријавила дека на 28.04.2023 околу 15.00 часот во с.Дражево, била физички нападната со тврд предмет од женско лице Ј.И.
На 29.04.2023 во 19.00 часот во Полициска станица Радовиш С.О.(38) од Радовиш пријавила дека околу 17.40 часот во Радовиш таа и нејзината ќерка М.О. биле физички нападнати од едно женско лице.
На 29.04.2023 во 11.15 часот во Полициска станица Велес Ќ.Ј.(48) од с.Горно Врановци, Чашка пријавил дека на 28.04.2023 околу 12.30 часот во парк во Велес неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички од Велес.
Меѓу повеќето настани од црната хроника и два во кои недоразбирањата во сообраќајот ги решиле со физичка пресметка.
На 29.04.2023 во 16.40 часот во Полициска станица Гостивар Ш.А.(58) од Гостивар пријавил дека околу 14.00 часот во Гостивар по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.04.2023 во 02,45 часот во Полициска станица Гостивар Д.Т.(44) од Гостивар пријавил дека околу 01,40 часот во Гостивар неговиот малолетен син по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице.