Со крајот на денешниот ден завршува кризната состојба во државата со недостаток на електрична енергија. Меѓутоа, според владиниот извештај постоечките енергетски капацитети не можат целосно да ги задоволат потребите, па вчера преку ЕСМ Продажба набавени се 1600 мегават-часови електрична енергија.
– Во термоелектраните се произведени 8614, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1943 мегават-часови. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1600 мегават-часови електрична енергија, ги соопшти владината прес-служба податоците преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 29 април 2023.
Со владината одлука од 31 октомври 2022 година, се овозможи да се преземат мерки и активности, вклучувајќи и финансиска интервенција за да се обезбедат дополнителни количини на електрична енергија.