Уште еден директор на комунално претпријатие на Град Скопје си поднесе оставка, иако овој остана речиси осум месеци. Се работи за Зухејр Рецепи, кој како кадар на ДУИ во ЈП „Паркови и зеленило“ дојде на местото на Ангеле Сотировски од ВМРО ДПМНЕ, кој во септември 2022 година, си поднесе оставка. Реџепи оставката ја објави на Фејсбук профилот на „Паркови и зеленило“.
-Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Ѝ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција, напиша Реџепи.
Бранот оставки во комуналните претпријатија во Град Скопје почнаа минатата година по отворениот конфликт меѓу ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која јавно обвини за корупција.