Повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница откако автобус полн српски туристи вчера изутрината во 5 часот, се преврте во Унгарија, на 2 километри од Кишкунхалас. Според медиумите, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел.
Брзата помош на лице место пружила помош на тројца патници. Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница.
Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.
Од фотографиите кои ги објави Телеграф, се гледа дека автобусот се превртел и завршил во грмушките на страната на патот, превртен на страна.
Некои патници останале заробени во автобусот, па биле извлечени од пожарникарите низ шофершајбната, пишува Телеграф.
Извор: Телеграф