Суверенитетот извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Ние бевме на избори и никој на избори не беше прашан, дали е за промена на уставот, ниту добивме согласност. Јас го почитувам тоа. Значи треба избори и ако граѓаните кажат да се менува, нека се менува,“ го кажа својот став во врска со иницијативата за промена на Уставот, професорката и пратеничка , Гордана Силјановска Давкова, во денешното издание на емисијата Стадион на Канал77.
Таа додава дека станува збор за иницијатива која не дојде од внатре туку прво дојде од надвор. Бугарите во цела глава во нашиот Устав се целосно заштитени, имаат право да формираат партии, клубови. Ниту едно право не им е ограничено, за разлика од Македонците во Бугарија. Не држи образложението дека нивниот Устав бил поинаков. Потребен е реципроцитет.
Во уставот на Данска и Шведска пишува дека дека ако некоја партија сака да го менува уставот, мора да оди на избории врз основа на резултатите на тие избори, да го менува уставот, додава Силјановска Давкова.
„На Уставот му треба сериозни измени, но не на овој начин и не за толку кратко време, “ вели професорката по уставно право.
„Европската Унија во целиот процес на интеграциите, уставот го смета за внатрешно прашање, како е можно во една преговарачка рамка, ЕУ да си ги негира сите принципи. Не може некој од надвор да ви каже дека ќе го смените уставот за да почнете преговори. Тоа не е европски.Бугарија нема потреба од гарантирање на правата на малцинствата во Уставот и од почитување на пресудите од Стразбур, а ние мораме да ја менуваме Преамбулата за да внесеме Бугарите во Уставот, “ потенцира Силјанова Давкова.
Таа додава дека менување на преамбулата е речиси непознат феномен во уставното право. Кај нас зборот устав стои зад Преамбулата, пред нормативниот текст. Преамбулата е душата на уставот, метафизиката на уставот, причината за неговото постоење, вели професорката. Таа зборува и за многу актуелни прашања. Целиот разговор проследете го следниот линк