Повторно тепачки во градските автобуси во Скопје. Но, тепачките во изминатото денонокие не се случувале самово автобуси, туку и среде улица, каде пукал и со огнено оружје..
По гледнете што се случувало:
-На 27.04.2023 во 11.34 часот во СВР Скопје, И.Ц.(21) од Скопје пријавил дека во 11.30 часот на паркинг на бул.„АСНОМ“ во Скопје, додека бил со уште неколку лица, дошол К.Ј. од Скопје и од пиштол испукал еден куршум кон него, но не го погодил. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 27.04.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(38) од Скопје пријавила дека на 26.04.2023 околу 21.45 часот во градски автобус, кој сообраќал од Порта Влае кон Бардовци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 27.04.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје, К.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот во хотел на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 27.04.2023 во 18.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.П.(35) и В.С.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 27.04.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, М.З.(25) од Скопје пријавила дека во с.Петровец, скопско, таа и нејзината мајка З.З.(55) биле физички нападнати од нивниот сосед Е.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 27.04.2023 во 17.20 часот во СВР Скопје, Д.К.(20) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 27.04.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје, Г.М.(53) од Скопје пријавил дека на 23.04.2023 околу 15.00 часот на подрачјето на Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 27.04.2023 во 03.20 часот во СВР Скопје, А.Х.(38) од Скопје пријавил дека на 26.04.2023 околу 23.25 часот на подрачјето на Карпош, додека бил во патничко возило со неговиот брат, бил физички нападнат од В.П и уште три лица кои употребиле и тврди предмети. Причина за физичкиот напад биле нерасчистени имотно-правни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 28.04.2023 во 00.40 часот во СВР Скопје, Р.Н.(41) од с.Батинци, скопско, пријавил дека на 27.04.2023 околу 19.40 часот во градски автобус во с.Батинци, неговата малолетна ќерка била физички нападната од три машки лица, од кои еден малолетник. Според пријавеното, причина за нападот е претходно недоразбирање на неговата ќерка со друга малолетничка од с.Батинци со која биле во автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.