Екс премиерот Зоран Заев пристигна на „Делфи форумот“ во Грција со својот мотор од 1600 кубици, заедно со поранешниот министер за здравсто Венко Филипче, пишува грчкиот сајт Вориа, кој објави фотографии и видео од нив.
Заев за грчкиот интернет портал Вориа, рекол дека на пат од Скопје тргнале на 22 април, а оттаму со својот голем мотор возел низ областите на Западна Грција, потоа отпатувал за Пелопонез.
Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде што ќе биде говорник на 8. „Делфи економски форум“.
Вориа пишува дека по Делфи Заев и Филипче ќе го продолжат патувањето за Солун, а потоа ќе заминел на Халкидики, каде што, како што е познато, има викендица и престојува често.
Кога од Вориа.гр го прашале Заев дали за време на неговата посета на Грција се среќава со луѓе кои сé уште се против Договорот од Преспа, тој рекол дека многу Грци велеле дека размислувале позитивно, но додека други рекле „Не ми се допаѓа Договорот, но ми се допаѓате затоа што сте добра личност“.