Денес, 22 година подоцна, букети свежо цвеќе и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски херои, четворица од армиските Волци и четворица од Посебните полициски единици, убиени додека ја бранеа татковината, Република Македонија, на 28 април 2001-та, во крвавата заседа кај селото Вејце, напиша Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил.
-Делегацијата на Министерството за одбрана беше предводена од министерката Славјанка Петровска која не’ извести дека до општина Тетово поднела иницијатива за изградба на достоинствено спомен обележје на местото на заседата кај Вејце во чест и спомен на 8-те загинати македонски херои, напиша АНгелов и уште деднаш се потсети на имињата на загинатите.
Да не се повтори, да не се заборават:
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Игор Костески (26) од Скопје,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Марјан Божиновски (27),
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24) и
Бошко Најдовски (24), сите од Битола.
Вечна ви слава, херои македонски!