Видеото кое стана вирално го покажува моментот кога коњот на кралската гарда ја искубал косата на жената додека таа му позирала на фотографот за време на Парадата на гардата на коњите, пренесува дневник.хр.
Во моментот на инцидентот на коњот имало војник, а сè се случило недалеку од таблата со предупредување: „Пазете се! Коњите можат да клоцаат или да каснат“.
На видеото се гледа како коњот замавнува со главата кон жената чиј грб е свртен кон него. Коњот ја каснува за опавчето, а таа успева да се лизне и да побегне.
Сличен инцидент се случил на истото место, пишува Дејли Мејл дека би можело да се работи за истиот коњ.
Уште една туристка која премногу се приближила, коњот ја каснал за рамо. Сакала и таа фотографија, но на крајот коњот ја гризнал.
По нападот на коњот, двете жени биле видно шокирани од тоа што го направил коњот, но војникот што седел на него не се ни помрднал.