Кристина Аштен Гуркани, 34-годишна американска манекенка, почина во болница додека закрепнуваше од уште една серија операции,пренесува „Дејли мејл“.
Ѕвездата и девојката на „Онли Фанс“, која ја споредуваа со Ким Кардашијан почина од срцев удар само неколку часа откако беше подложена на пластична операција.
Нејзиното уништено семејство отвори страница “GoFundMe” за да собере средства за нејзиниот погреб, кој ќе се одржи следната недела.
На страницата објавија изјава во која зборуваат за шокот и тешкотиите на семејството, како и краток опис на моментите кои довеле до смртта на Кристина.
-Со длабока тага и крајно тешко и скршено срце ве известуваме за несреќната и неочекувана смрт на нашата прекрасна, сакана ќерка и сестра Кристина Ашен Гуркани – напиша семејството.
Тие го опишаа и потресниот момент кога семејството го примило повикот во 4.30 часот, велејќи им дека Кристина умира.
Портпаролот на семејството потоа го опиша кошмарот од гледањето како колабира по срцевиот удар.
Од средата попладне, страницата “GoFundMe” собра 3.540 од целта од 40.000 долари.
Колешката на Кристина од „ОнлиФанс“ Мери Магдалена и оддаде почит на Инстаграм.
Магдалена, зависничка од пластична хирургија, која и самата еднаш за малку ќе умрела за време на операција за да се обиде да ја добие најдебелата вагина на светот, напишала дека не ја познава Кристина, но дека нејзините фотографии ги видела на Инстаграм.
-Мислев дека е убава, толку е тажно што штотуку почина од пластична операција. Навистина е страшно затоа што никогаш не знаеш кога би можел да умреш од ризична операција“, додаде таа, а потоа продолжи да ги споделува сопствените стравови за оштетување на мозокот секој пат кога ќе легне под нож, пренесува Информер.рс.