Фолк оскари или награди за најдобрите фолк пејачи се доделија вчера во Кочани, каде се организираше манифестацијата вечер на популарноста.
Благоја Грујовски, кој е дел од инцијаторите и организацијата, заедно со Ирена Спировска ги доделија наградите на најдобрите, кои по секое добивање на статуетката настапија во живо.
Манифестацијата започна со оро од маестро Милан Завков, кому постухмно ми е доделена наградата за животно дело. Во негова чест засвире хармоникашот Сашо Велков. Во категоријата животно дело награди добија и Наум Петрески и Сузана Спасовска. Наградата. Наум годинава слави 35 години карира, а Сузе пак, го промовираше проектот „Приказна“, како одбележување 35 години на сцената.
Останатиот дел од вечерта, како се доделуваа наградите така се вжештуваше атмосферата. Настапија Сузана Гавазова, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Стојне Николова, , Елена Андоновска, Дамјан Стојановски, Влатко Миладиновски, Цаки од групата „Кисми“, групата „Круна“ и „Енерџи бенд“, кои присутните преку видео ги поздравија од Америка..
Кога се доделија сите награди на крајот запеа и Баже Грујовски и заедно со Ирена Спировска ветија дека оваа вечер ќе прерасне во традиција.
Погледнете ја галеријата:
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски