Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила вчера ја посетија арената на Ливерпул, каде ќе се одржува Изборот за песна на Евровизија, па ја осветлија сцената за да за прв пат откријат пред јавноста како сето тоа ќе изгледа, пренесува официјалниот евровизиски сајт.
Покрај нивната задача да ја „осветлат собата“, нивните височества добија и ВИП обиколка, а беше откриен на саундтракот на темата за Песна на Евровизија, компонирана од Мајкл Некрасов, украинскиот композитор.
Но, само што се појави видеото, почна и првото исмевање. Многумина забележаа дека Чарлс успеа да го промаши големото копче.
„Имаше само една работа“, „Колку е тешко да се притисне копче“, се пошегуваа некои во коментарите. По откривањето на сцената евровизиските фанови реагираа и на големината на бината.
„Толку чекање за ништо“, „Можеше ли сцената да биде помала? се дел од коментарите.
Следниот месец, на шести мај, кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан, само неколку дена пред почетокот на 67. евросонг.
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај. Македонија оваа година нема да учествува.