Родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина во битолската болница, по втор пат преку социјалните мрежи ја побара правдата и, како што вели, отпусното писмо, кое не го добила и по 12 дена.
Нејзниот статус ви го пренесуваме во целост:
-Во која нормална држава, со нормални услови и каде што се партиите и “Ко је јачи у парама” не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А истото треба веднаш, кога си одиш од болница! Ете јас после 12 дена се уште немам отпусно писмо. Се уште мојата историја ја нема. Као технички си испишана, а документ од мене нема? Никаде? И нема мучканици? Или народски речено, “Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано”? Или „ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова“.. А?
Не кажувате ништо, Ниту за комисијата, а ниту добив одговор на прашањето зошто немам отпусно писмо денес кога дојдов во тоа проклето одделение, а оти, а оти? Нормално, оти си бркате приватни обврски, А па ние извештај чекаме… Па еве до четврток е рокот да се објави.. Ајде, секое чудо за три дена мислевте? О од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор… иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари кој партија, никогаш мирно нема да спиете. Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште х илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле. Ќе се борам до крај!