Психологот, Каролина Сафина од Русија неодамна се осврна на стремежот кој го имаат многу жени, а тоа е да бидат во врска со успешен, реализиран и самоуверен маж.
Многу жените сметаат дека треба да бидат убави и негувани за да го привлечат вниманието на еден ваков маж, но Сафина вели дека всушност како и во секој друг однос, внатрешните квалитети и ставови се тие кои ја играат најважната улога.
Психологот Сафина наведува кои четири карактерики се заеднички за жените кои најчесто привлекуваат успешни мажи:
Добра енергија
Жените кои немаат тешки мисли за минатото, огорченост поради поранешните врски, бескорисна вина и стравови се жени кои се премногу сериозни и кои чувствуваат одредена тежина. Сите овие особини дури и од една млада, убава девојка може да направат жена која е уморна од животот. Дури и да има само 25 години, една девојка со вакви карактеристики ќе чувствува тежина и голем умор како да е заглавена во минатото, наместо да живее во сегашноста и да прави планови за иднината. Таквите жени неретко сакаат да патат и да разговараат за нешто негативно.
Изразен карактер
Главната особина која ни помага да ги направиме вистинските избори во животот е рационалноста.
Рационалните жени не носат одлуки само врз основа на емоциите, туку тие го вклучуваат и својот разум. Кога е присутна логиката, ние можеме да гледаме на околностите критички и трезвено, што значи дека ја намалуваме можноста за разочарување и не дозволуваме ситуацијата да не контролира. Тоа значи дека ако еден маж тврди дека е људо заљубен, жената нема да верува на неговите зборови туку ќе почека тој тоа да го покаже и со дела.
Здрава себичност
Жените кои негуваат здраво ниво на себичност нема да го прават она што им е неисплатливо или непријатно. Овие жени го прават само она што знаат дека ќе им користи во иднина.
Јасен фокус на целта
Жените кои се фокусирани на целта не размислуваат за тоа што другите мислат за нив тие имаат изградено мислење за себе и се задоволни со тоа. Свесни се дека може да си помогнат себеси ако им се случи нешто во животот и поради тоа не дозволуваат вниманието да им биде одвлечено од лоши мисли. Тие не настојуваат да им се допаднат на другите бидејќи си се допаѓаат самите на себе и тоа им е сосема доволно.