Негативните мисли лошо влијаат на нашето психофизичко здравје. Токму поради тоа, важно е да го зачувате позитивниот дух за да постигнете среќа и долговечност.
Древниот лекар Авицена велел дека лекарот има три средства во борбата против болестите – збор, билка и нож.
Првата работа која тој ја навел е зборот. Често забораваме колку моќ и сила имаат нашите мисли и зборови, како и какво влијание би можеле тие да имаат на нашето ментално и физичко здравје.
Во една од француските болници, психологот Емили Ки на сопственик ризик ги поттикнала пациентите десет пат дневно на глас да ја повторуваат фразата „Секој ден се чувствувам се подобро“.
При тоа, важно било пациентите да не ја повторуваат механички ваквата фраза туку да размислуваат со неа и да ја повторуваат за да почнат да веруваат во неа. Резултатите биле такви што многу пациенти по еден месец се чувствувале исклучително подобро.
Нашето здравје е директна последица на нашето размислување. Никој не се сомнева дека постои директна врска меѓу психичката и физичката состојба на луѓето. Еден од најважните психолошки закони вели: вербалното изразување љубов, симпатии и воодушевување ја зголемува виталната енергија на оној кому тоа изразување му е упатено. А негативните и нељубезните зборови ја намалуваат енергијата.
Константното присуство на негативни мисли може да го зголеми ризикот од влошување на менталното и физичкото здравје. Затоа е важно секој ден да ги „филтрирате“ своите мисли, негативните да ги исфрлите од себе, а да мислите позитивно и да бидете оптимисти. Научете да уживате во животот, иако тој понекогаш може да биде тежок.
Здравјето, животот и судбината на луѓето зависат директно од нивните мисли. Мислете добро и очекувајте добро.
Ако мислите ви се лоши тоа може негативно да се одрази на вас. Она за што постојано размислувате се развива во уверение дека тоа треба или може да се случи. Негативните мисли прават да се чувствувате исплашено и загрижено.
Затоа, од денес почнуваме да размислуваме само за добри работи, надевајќи се на најдоброто.
Американскиот кардиолог Роберт Елиот, специјалист за превенција на срцеби удари, истакнал две правила:
- Не се нервирајте за ситници
- Не се вознемирувајте за сите глупости
Извор: sensa.mondo.rs