Исповед на жена која се развела од личноста која сè уште ја сакала. Сепак, разводот ѝ донел одредени лекции, поради што на крајот на краиштата тоа било добра одлука.
Разводот често се поврзува со тешки периоди и се смета дека е трауматично искуство, но понекогаш се случува после ваквото стресно случување да почнете да растете, да живеете за себе баш онака како што сте сакале. Понекогаш разводот е лек и отскочна даска за позитивна промена во животот, шанса за трансформација и нова среќа.
Токму за тоа пишува и новинарката Изабел Милер, која се венчала со својата прва љубов. Сепак по неколку години таа и партнерот одлучиле да продолжат да живеат посебно. Како што наведува, од ова искуство научила бројни лекции. Нејзината животна приказна прочитајте ја во продолжение:
„Имав 28 години и имав совршен живот – голема преубава куќа, успешен сопруг и неверојатен двегодишен син. Сè до една недела, после една година разговори и обиди да се согласуваме подобро, мојот маж и јас се гледавме со солзи во очи.
За првпат гласно го признавме она што и двајцата знаевме дека е вистина – се сакавме, се почитувавме, но не бевме заљубени и покрај желбата да останеме заедно поради нашиот син. Знаевме дека тој заслужува повеќе од „оштетено“, семејство, заслужува да види љубов во пракса, единствената работа која не можевме да му ја покажеме преку свој пример. Разводот, но и периодот по него, не изгледаше онака како што замислував. Мојот развод ме научи за љубовта многу повеќе отколку бракот“.
Кои лекции ги научив кога се разведов од човекот кој се уште го сакав, но бракот всушност не функционираше:
Љубовта треба да биде условена
Изразот условна љубов има лоша репутација бидејќи имплицира себичност. Но ако не водиме сметка за себе, како може да се грижиме за кој било друг? Се омажив за човекот кој го запознав кога имав 20 години, и двајцата сакавме да го оствариме својот потенцијал. Како што заедно растевме во нашата врска и двајцата сфаќавме дека тоа не е онака како што ние фантазиравме дека ќе изгледа. Престанав да се грижам за своето тело по венчавката, додека тој престана да се занимава со својата страс.
Можете да сакате некого и да не бидете „вистинскиот“ за него
Мојот сопруг и јас отсекогаш се сакавме. Се грижевме еден за друг, заедно креиравме спомени и донесовме дете на свет. Но нашите кариери застанаа, а здравите навики станаа вистински предизвик. Разговорите бргу ескалираа во фрустрација. Не можевме да растеме заедно ниту како поединци, ниту како пар. Во рок од неколку недели од разводот и двајцата бевме посреќни и поздрави. Јас почнав повторно да имам физичка активност и се ослободив од вишокот килограми. Мојот сопруг конечно ја пронајде кариерата поради која беше возбуден откако со години се обидуваше да искористи разни прилики. Сета љубов на светот не можеше да не натера да работиме и да растеме заедно, но нашата љубов ни овозможи да го пуштиме другиот да замине за да цветаме независно.
Љубовните приказни завршуваат. И тоа е во ред
Кога ќе заврши една љубовна приказна независно дали се работи за брак или врска, секогаш постои еден негативец и еден херој. Моето семејство се уште се двоуми да го спомне мојот поранешен сопруг, бидејќи никој не знае дали тоа ќе ме доведе до солзи или бес. Сепак ние смисливме како мирно да го завршиме нашиот брак и веројатно во разводот бевме многу пообединети отколку во нашата врска. Едноставно завршивме до тоа поглавје. Бевме деца кога се поврзавме и секогаш ќе имаме заедничка историја.
Фокусирајте се на тоа како живот сакате, а не на тоа каков вид љубов посакувате
Не знам колку пати плачев пред да се разделиме, но и после тоа. Се прашував дали повторно ќе најдам љубов, бев загрижена за тоа како ќе морам од почеток да почнам со некој кој не ни знае кој е мојот омилен филм, како изгледам без маскара и на која страна од креветот спијам. Толку се плашев дека мојот сопруг е единствената личност што би можела да ја трпи мојата ексцентричност. Но љубовта е феникс – кога и да ви треба, таа се раѓа од пепелта. Љубовта тогаш се претвора во проблем, а не во решение, бидејќи целта не би требало да биде пронаоѓањето на љубовта, туку целта треба да ви биде да живеете целосно.
Сега знам дека мојата ексцентричност не е само особина која некој треба да ја „трпи“ туку прекрасна карактеристика за некој вистински.
Големата љубов е возможна, но мора да целите високо во сите области од животот.
Извор: sensa.mondo.rs