Македонско-српската комедија ,,Обвинителка” денес повторно ќе гостува во Центарот за култура во Штип, а веќе утре премиерно ќе ја видат и жителите на Кавадарци.
Оваа комедија која третира актулна тематика донесе нова свежина на театарската сцена, а публиката ужива во брилијатната и одлична актерска игра на актерите Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски. Тоа што воодушевува е фактот дека нема вулгарности, комичните ситуации и изразените карактерни линии на ликовите се темел на вистинскиот хумор.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите специјално ги изработи Елена Лука , а музиката е на младиот и талентиран автор Мишел Трајковски. Автор на претставата е Огнен Неделковски, додека режијата е на актерот Сашо Ристовски.
Која е обвинителката? Како е начинот да се спасиш од обвинение? Што прави страста и љубовта? Се само дел од прашањата за кои публиката ќе има одговор. Вукиќевиќ и Ризова се двете големи актерки кои се на сцената по прв пат, а со нив и Ристовски.
-Македонија и Србија се две држави кои имаат заеднички пат преку културата, а пример е оваа комедија која наскоро ќе има своја премиера и во Србија- ни изјавија од тимот на претставата.