– ММС
Спорт Тенис

Федерер веќе три месеци играл повреден

Најдобриот швајцарски тенисер Роџер Федерер, откри дека изминатиот период настапувал со повредена рака, но не сакал да прави „драма“ од тоа.

– Ја повредив раката уште пред сезоната на трева. Последиците беа потешки отколку што очекував. Повредата ме мачеше скоро три месеци. Играв со болка, но тоа не е изговор за неколкуте порази. Не сакам од тоа да се прават големи приказни, изјави Федерер.

Во моментов третиот светски рекет кажа дека му требало време да го залечи зглобот и дека сега со него се е во ред.

Следен турнир на кој ќе игра Федерер е на домашен терен во Базел оваа седмица.

Извор:МИА

Лограње

X

Регистрација